Бјелица реален: На табелата сме пред Реал и ПСЖ, а молиме да не падне дожд за да можеме да тренираме…

Победничката серија на Динамо Загреб во Лигата на Шампионите беше прекината со синоќешниот пораз од Борусија Дортмунд, а тренерот Ненад Бјелица се најде на удар на јавноста поради неколкуте чудни одлуки околу составот кој беше преполовен по повредите на стандардни првотимци.

„Честитки на Борусија за заслужената победа, беа подобар тим од нас, доминираа, беше тешко да им се парира. Би сакал да честитам и на мојата екипа на борбеноста и на дисциплината, исполнија се што ние како стручен штаб, но за нешто повеќе ни требаше сила. Во оваа состојба во која се наоѓавме не можевме да дадеме ништо повеќе. Мило ми е што им дадовме минути на некои играчи и видовме дека може да се смета на нив, мило ми е што дебитираше младиот Бранко Павиќ, честитки за Качавенда, Стојковиќ и Рог, кои немаа преголема минутажа, но одиграа квалитетен меч. Се вртиме кон дербито во Сплит, овој натпревар е завршена приказна“, изјави Бјелица.

Тој имаше што да каже и за изгледот на табелата, Динамо моментно се наоѓа на 23. позиција која носи место во доигрувањето, а зад хрватскиот првак се наоѓаат Реал Мадрид и ПСЖ.

„Дали уште три бода ќе ни бидат доволни за влез во тие Топ 24 на крајот? Не знам, но верувам дека ќе се најдеме во тој плејоф. Видете ја табелата, ПСЖ има четири бода и е зад нас, а ние се молиме на Бога да не падне дожд за да можеме да тренираме. Капа долу на мојот тим за се што покажува во ЛШ и во домашното првенство, без оглед што не изгледа така како што сите очекувате. Се бориме со работи со кои не сум со борел никогаш досега во кариерата, но верувам дека ќе излеземе посилни од сево ова“, прокоментира стратегот на Динамо Загреб.

Се вчитува...