Бјелица се огласи по отказот во Трабзон: Ми беше чест да бидам тренер на еден ваков клуб

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе добие нов тренер во Трабзонспор откако турскиот клуб му врачи отказ на хрватскиот стратег Ненад Бјелица по лошиот почеток на сезоната и заостанувањето од 12 бода зад водечкиот Фенербахче.

Хрватот по отказот се огласи на социјалната мрежа „Фејзбук“ каде напиша дека уживал во секој момент во тимот и се заблагодари на навивачите за гостопримливоста.

„Драги навивачи, сакам да ви се заблагодарам на поддршката која ми ја дадовте во последните месеци на клупата на овој голем клуб. Ми беше чест да бидам тренер на Трабзонспор, уживав во секој момент и на секој натпревар. Ви благодарам за гостопримливоста, се чувствував как одома. Ви посакувам многу среќа во продолжението од сезоната“, напиша Бјелица.

Се вчитува...