Бјелица: Тактиката е неважна во Унион Берлин, овој тим има многу поголем проблем

Унион Берлин ланското првенство беше хит во Бундес-лигата, но овој тим игра катастрофално во новата сезона. Фудбалерите на Унион Берлин не знаат за триумф уште од август, на последните 16 средби имаат скор од три реми и 13 порази, што придонесе да дојде до тренерска смена.

На клупата пред неколку дена пристигна Ненад Бјелица, но хрватскиот стратег остана разочаран на дебито во ЛШ против Брага, меч на кој Унион Берлин имаше предност од 0-1 и фудбалер повеќе на теренот, но им дозволи на домаќините да израмнат, а потоа и да доминриаат на теренот. Според Бјелица, очигледен е психолошкиот проблем во неговата нова екипа.

„Кога ќе имате недостиг на самодоверба како мојот тим во моментов, сосема е неважно со кој состав играме. Постои страв во главите и во нзоете на моите играчи, што се должи на слабите резултати во последниот период. Тие немаат храброст за некое порискантно додавање, за потег што ќе го покрене тимот напред, затоа и сериозно се назадува на последните средби. Тактиката е неважна во Унион Берлин во моментов, овој тим има многу поголем проблем што сите заедно треба да го решиме. Во следните денови ќе имаме многу разговори со цел стравот да исчезне и да почнеме да се движиме во вистински правец“, изјави Бјелица.

Унион Берлин моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата во Бундес-лигата, со само седум освоени бода по првите 12 рунди. Во следното коло оваа екипа му гостува на шампионот Баерн Минхен, исклучително тежок предизвик за тим што се наоѓа во толку длабока криза.

Се вчитува...