Бјелса „полуде“: Лажговци! Фудбалерите мора да се тепаат да ги зашитат најмилите (ВИДЕО)

Полуфиналниот натпревар на Копа Америка помеѓу Колумбија и Уругвај за жал го одбележаа шокантни сцени откако по крајот на средбата уругвајските репрезентативци влегоа во физичка пресметка со колумбиски навивачи на трибините откако Колумбиците ги нападнаа семејствата на Уругвајците.

Шпкантната сцена од бруталната физичка пресметка брзо го заобиколи светот, а по бројните критики сега за нив говореше и селекторот на Уругвај, Марсело Бјелса кој „полуде“ на пресконференција. Познат по надимакот „Лудак“ искусниот аргентински стратег застана во одбрана на своите избраници, а го осуди и КОНМЕБОЛ.

„На стадионот се нападнати мајки со деца во своите раце. Наместо моите играчи, кои се тепаа да ги одбранат своите најмили добијат извинување сега им се заканува казна. Наместо да се казнат тие кои предизвикаа такво однесување на фудбалерите“, изјави Бјелса во жестокото критикување кое брзо стана хит на социјалните мрежи.

Се вчитува...