Македонскиот фудбалски второлигаш Охрид Лихнидос официјално ги засили своите редови со ангажман на Благоја Спировски.
Со овој ангажман Охрид Лихнидос добива искусен фудбалер за престојните предизвици во борбата за место во елитата на македонскиот фудбал.
„Спиркоски доаѓа од редовите на Кожуф и зс нас претставува капитално засилување во борбата за прва лига. Благоја настапува на позициите од средината на теренот, тој во својата кариера има околу 150 настапи во првата македонска фудбалска лига. Покрај екипата на Кожуф настапуваше за екипите на Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Гостивар и Тиквеш. ГФК Охрид ги продолжи договорите со сите досегашни играчи, а во наредниот период ќе бидат претставени уште две засилувања“, стои во објавата на охридскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

