Ракометниот тим Бутел доведе искусно име меѓу диреците. Станува збор за поранешниот репрезентативец Благојче Трајковски, кој стави потпис на договорот во следните две години, односно до 2027 година.
Трајковски доаѓа во Бутел од Алкалоид, а за Македонија играше на Светското првенство во Франција во 2017 година. Има огромно искуство со настапи за Прилеп, Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид и Еурофарм Пелистер.
Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

