Благојче Трајковски од Охрид се сели во Битола

Повремениот македонски репрезентативец, Благојче Трајковски, од следната сезона ќе го брани голот на Еурофарм Работник. Битолскиот суперлигаш кој годинава заврши на третото место, со тоа го обезбеди и третото засилување за новата сезона. Претходно договори со Еурофарм Работник потпишаа и Милан Ѓукиќ и Никола Марковски,

Трајковски потекнува од школата на Тутунски комбинат Прилеп, а во Еурофарм Работник доаѓа од Охрид. Со битолскиот тим, Трајковски потпиша договор на една сезона.

Од Еурофарм Работник најавуваат уште неколку нови имиња како засилувања за следната сезона кога битолскиот тим го очекува и учеството во европските купови, покрај настапот во Супер лигата и во Купот на Македонија.

Се вчитува...