Голманот на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајковски се најде во најдобрите одбрани на колото во Лигата на Европа. Битолскиот тим вчера ремизираше на домашен терен против швајцарскиот Кадетен Шахфаузен (25-25), а голманот кој немаше свој ден како на мечот со ГОГ и забележа само четири интервенции, повторно се најде меѓу најдобрите.
Медиа тимот на Лигата на Европа спречениот зицер од контранападот на Фримел го стави на третото место на најдобрите одбрани за изминатото коло.
Одбраната на Благојче Трајковски можете да ја видите на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА