Благослов за ракометарите на Богојавление во Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Традицијата продолжува и во Загреб, и на овој 19 јануари, Македонците во Загреб го прославија христијанскиот празник Богојавление со сите православни обичани. Празничната литургија и традиционалното фаќање на крстот се одвиваше во Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, акрстот во Загреб го фати Петар Симонов од Скопје.

На празничната литургија традиционално присуствуваше  раководството на РФМ и на дел од навивачите кои со години се дел од секој настап на македонската ракометна репрезентација. Протоереј Кирко Велински свечената црковна литургија овој пат ја збогати и со благослов за нашите ракометари кои веќе се во Вараждин за втората фаза од ЕП во Хрватска, посакувајќи им здравје и среќа да продолжат да му носат радост на мекедонскиот народ со нови успеси.

Парохискиот свештеник во македонската првославна црква во Загреб упати и благодарност до претседателот на РФМ и прв човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов за помошта што ја дава за изградбата на новиот македонски православен храм во Загреб.

Во знак на благодарност, на денешниот голем христијански празник протоереј Кирко Велински на Мукаетов му врачи сребрена монета со ликот на Св.Злата Мегленска.

 

Се вчитува...