Благотиншек: Македонија добро ја познаваме, првиот меч на ЕП е најтежок

Македонската ракометна репрезентација денеска со почеток од 18 часот го отвара Европското првенство 2022. За противник ќе ја имаме секогаш незгодната репрезентација на Словенија со која последен пат се сретнавме на Светското првенство.

Во пресрет на првиот натпревар за медиумите говореше и пикерот Блаж Благотиншек кој вели дека отврањето е секогаш најтешко.

„Мислам дека направивме добри подготовки, и покрај тешките околности успеавме да реализираме се што планираше селекторот. Единствено не ги одигравме пријателските дуели со Италија, одевме чекор по чекор и ќе видиме што постигнавме. Првиот натпревар на турнирот е секогаш мистерија. Очекувам добар натпревар и тежок дуел против Македонците бидејќи сме играле со нив неколкупати и немаме непознати“, вели Словенецот.

Се вчитува...