Сандро Рамирез до пред неколку сезони со голем успех настапуваше за Малага, но работите тргнаа во надолна линија за овој напаѓач од младинската школа на Барселона откако реши да се пресели во Премиер-лигата, од неколкуте понуди на негова адреса прифаќајќи ја онаа на Евертон.
Сандро не се адаптираше во оваа земја, но и целосно го загуби голгетерскиот инстинкт. Тој сезонава настапува како позајмен играч во Реал Сосиедад, но се бламира и во татковината.
Погледнете ја неговата бламажа на последниот дуел со Севилја, на која Сандро се најде во одлична ситуација да му донесе предност на својот клуб, но се сопна, и тоа не од топката, туку од тревата. Ваква глупост не може ни да се изглуми.
Funniest clip of the season so far comes from La Liga, with this effort from Real Sociedad’s Sandro Ramirez.. pic.twitter.com/zPSqDw3Eek
— Josh Slinger (@JoshSlinger) November 5, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА