Олимпик Лион доживеа тежок пораз на гостувањето кај Анжер од 3-0 во натпревар од 2. коло во француската Лига 1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Буфал во 20. минута, резултат со кој се замина на пауза.
Во вториот дел домаќините зголеми на 2-0 со автоголот на Марсело, додека конечните 3-0 ги постави Унахи во 77. минута. За издвојување е и црвениот картон кој го доби Корне во 65. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

