Бламажи без граници на „дрим-тимот“ на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ уште еднаш ги разочараа своите верни фанови, губејќи го дербито на домашен терен од Лион со 0-1. Лион повеќе нема така моќен тим како до пред десетина години, но избраниците на Лоран Блан сепак најдоа начин да слават и да ја продлабочат кризата на „светците“, кои за првпат сезонава загубија два домашни натпревари во серија.

ПСЖ повторно одигра катастрофално, Меси и Мбапе не делуваа најрасположено за игра, а кога тоа е случај, тогаш се мачи целата екипа на францускиот првак. И покрај поголемиот посед на топката, „светците“ се мачеа да создадат стопроцентна шанса за гол против дисциплинираниот ривал.

Лион трпеливо ја чекаше својата шанса, успевајќи да постигне гол во второто полувреме, дело на Бредли Баркола во 56. минута.

И покрај поразот, ПСЖ има удобно водство од осум бода во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј, но лесно може да се случи Ал Келаифи да реагира и веќе во наредните денови да го смени тренерот Галтие, кој очигледно не поседува капацитет за да го води овој тим преполн со фудбалски ѕвезди.

Се вчитува...