Блашчиковски уште еднаш покажа како се сака клубот од детството – Ја купи Висла и ја спаси од банкрот

Прославениот полски фудбалер Јакуб Блашчиковски повторно го покажа своето големо срце откако се реши да го спаси од банкрот тимот за кој навива од детството.

Блашчиковски славата ја доживеа во Борусија Дортмунд во чии редови премина од Висла, а по завршувањето на епизодата во Германија,  тој се врати во Краков. Поради големите финансиски проблеми тој прифати да игра за месечна плата од само 100 евра, а состојбата во клубот дополнително се влоши поради пандемијата од Ковид-19.

Многу пати популарниот Куба изјави дека Висла ја смета за своја екипа, а сега тоа уште еднаш го покажа така што двајца пријатели бизнисмени Томас Јажинчок и Јарослав Кролевског одлучија да му помогнат и да го купат клубот.

Работата е практично завршена и се чека само службена потврда за преземање на клубот, што значи дека Блашчиковски во исто време ќе биде и еден од соптвениците, но и фудбалер во клубот.

Се вчитува...