Најпосакуваниот млад ракометар на европскиот „пазар“, Словенецот Блаж Јанц, на еден ден пред почетокот на мундијалот во Франција ги разреши сите дилеми околу својата иднина. Одличното десно крило, кое добро се снаоѓа и како десен бек, го избра актуелниот европски првак Кјелце за свој клуб почнувајќи од следната сезона, одбивајќи ги притоа понудите на Веспрем и на ПСЖ.
„Добиваме извонреден играч, кој воедно е и прекрасна личност што сигурно ќе претставува големо засилување за нашата екипа“ – изјави првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас.
Словенецот доаѓа во Кјелце како замена за Тобијас Рајхман, кој реши да го напушти полскиот гигант и да се врати во Бундес-лигата, каде веќе договори соработка со тимот на Мелунген. Јанц е третото засилување што Кјелце го договори за следната сезона, по Алекс Душебајев од Вардар и хрватскиот репрезентативец Марко Мамиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА