Бутел Скопје во 8. коло од суперлигашкиот плеј-оф стигна и до третата победа во низа откако славеше на гостувањето кај Тиквеш со 27-28 во драматична завршница. Победата е од големо значење бидејќи со новите два бода скопскиот состав осигура нов излез на европската сцена во следната сезона.
Еден од главните „виновници“ за тоа беше голманот Бојан Блажески кој го предводеше својот тим со 15 одбрани, а една од нив дојде во последните секунди од мечот кога го одбрани зицерот на Лазов за реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА