Блажески нов претседател на ФК Тетекс, Бојан Захариев нов тим-менаџер на „штофарите“ (ФОТО)

Второлигашот Тетекс со комплетна промена во раководството и стручниот штаб ќе ја чека новата сезона во второлигашкото натпреварување во следната сезона. Мирче Блажески е нов претседател на ФК Тетекс, а потпретседатели се големите имиња на македонскиот фудбал Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски.

Бојан Захариев, пак, ќе јаизвршува функцијата тим менаџер и ќе биде задолжен за тренирање на првата екипа, како и за целиот спортски дел. Планирана е соработка со Ивица Јованоски, кој е предложен за координатор на младинските категории.

„Сакам да се заблагодарам на собранието на ФК Тетекс за довербата која ми укажа да застанам на чело на еден од најголемите македонски клубови. Првата цел ќе ни биде клубот да го отвориме за сите спортски работници и за оние имиња кои нешто значат во фудбалско тетово. Во изминатиот период клубот беше затворен, тешко можеше да се дознае што се случува и потесното раководство, но и јавноста немаше увид што се случува во клубот. Акцент ќе биде ставен на младинската школа која треба да се развива и да го врати стариот сјај“ – истакна новиот претседател Мирче Блажевски, кој го промовираше и новиот тим-менаџер, Бојан Захариев.

„Тетекс не е маалски клуб, баш напротив Тетекс е еден од најголемите клубови не само во Македонија, туку и пошироко во југославенски рамки и токму затоа ми е чест што ќе работам во обој клуб. Нема да ветуваме нешто што не можеме да го оствариме. Целта ќе биде развој на младинските категории, Тетекс повторно да произведува репрезентативци, кои воедно ќе бидат и носители на играта на клубот. Можност да се покажат и докажат ќе добијат сите големи таленти кои се во клубот. Ќе ги вратиме и они играчи кои потекнуваат од тетекс, а сега играат во други клубови. Ќе донесеме и млади репрезентативци кои ќе имаат можност да бидат видени од најголемите клубови и соодветно скаутирани“ – истакна Захариев.

Се вчитува...