Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио. Најмладата олимпијка во историјата на Македонија одлично се претстави и триумфираше во својата група со време од 57.19 што беше за шест стотинки послабо од нејзиното најдобро време.
Во квалификациите најдобро време постави Австралијката, Ема Мекион со време од 52.13 што е нов олимписки рекорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА