Блажевски дебитираше со гол во дресот на Тирана

Довчерашниот фудбалер на Вардар, Дејан Блажевски дебитираше со погодок во дресот на својот нов клуб, албанскиот суперлигаш Тирана.

Тирана го одигра првиот тест дуел во рамките на подготовките за новата сезона, славејќи со 2-0 против кипарска Аполонија.

Двата погодоци беа постигнати во второто полувреме, а првиот дел на македонскиот крилен офанзивец.

Се вчитува...