Блажевски го реши Пелистер, Шкендија едвај до триумф со Скопје

Актуелниот шампион Вардар успеа да слави минимален триумф (0-1) во вечното дерби против Пелистер под „Тумбе кафе“. Еден момент на инспирација на напаѓачот во 31.минута беше доволен за „вардарци“ да ги освојат трите бода против ослабениот Пелистер.

Захариевски го немаше на располагање Илијоски, па навалната линија на Пелистер не беше така силна. Филип Петров имаше можност да израмни, но не успеа да ја стигне топката на петерецот по уфрлувањето од левата страна, а во завршницата се заканија и Попзлатанов и Цветановски. Сепак, Вардар со песна си заминува од Битола.

Skopje - Skendija 3

Шкендија многу се намачи за да го победи Скопје на „Железарница“ со 1-2. Филип Мишевски во 20.минута постигна еврогол од слободен удар, а потоа Шкендија тргна во голема офанзива. Бесарт Ибраими израмни пред полувремето, а Ферхан Хасани со голот во 80.минута ги спакува бодовите за Тетово.

Skopje - Skendija 1

Работнички доживеа пораз од Академија Пандев (1-2) на враќањето на „Филип Втори“. Кире Маркоски во петтата минута не искористи пенал, а три минути подоцна Чарлс Гофри донесе предност за „романтичарите“. Но, потоа следеа минути на Академија Пандев.

IMG_7279

Јани Атанасов од пенал израмни во 27.минута, а Александар Мишов донесе триумф за гостите во 75.минута. Кадриу го погоди дирекот од голот на Вујанац, но Работнички не успеа да израмни до крајот.

IMG_7124

Силекс конечно стигна до триумф, совладувајќи ја Победа во Кратово со 1-0. Кристијан Филиповски беше стрелец на победничкиот гол за кратовци во 52.минута од средбата.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 0-1

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 1-2

СИЛЕКС – ПОБЕДА 1-0

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2

ВЧЕРА: РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

Табела: Шкендија 19, Академија Пандев 14, Вардар 13 (-1), Шкупи 11, Силекс 9, Пелистер 8, Ренова 6, Работнички 5 (-1), Победа 5, Скопје 3.

Се вчитува...