Дејан Блажевски е фудбалерот на Вардар кој оваа сезона ги донесе двете победи на дуелите против Ренова. На натпреварот во есенскиот дел одигран во Скопје, Блажевски го постигна единствениот гол за тогаш освојување на трите бода. Потоа во пролетниот дел на дуелот во Тетово, истиот играч со глава постигна погодок исто така вреден три бода.
„Немам ништо против повторно да ја победиме Ренова и повторно јас да бидам стрелец. Но, во прв план е победата и трите бода на екипата. И покрај тоа што теоретски сме веќе на првата позиција, секако дека и во недела одиме на три бода“ – вели Блажевски за официјалната интернет страница на клубот.
Најдобриот голгетер во дресот на Вардар посакува триумфален крај на оваа сезона и потоа подготовка за настапите во Лигата на шампионите.
„Ни остануваат уште овие три натпревари и потоа одиме на мал одмор. Секако дека посакуваме девет бодови од последните три меча, и ќе настојуваме да ги освоиме. Потоа треба да мислиме добро да се подготовиме за настапите во Европа каде што се надеваме и посакуваме успешно лето. Сепак, сега сме фокусирани кон овие три меча на кои што ќе се обидеме да дојдеме до сите победи“ – вели Блажевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА