Блажевски се врати на тренинзите на Пелистер

Фудбалерот од средниот ред на Пелистер, Мартин Блажевски денеска го одработи целосниот тренинг со остатокот од екипата, откако паузираше четири дена поради повреда.

Тој во изминатите неколку дена имаше проблеми со тетивата на десната нога и работеше под посебен режим со концидискиот тренер на тимот од Битола и ќе биде во комбинација за утрешниот натпревар против Каисар.

Екипата на Начи Шенсои се наоѓа на подготовки во Аланија, Турицја, а преостануваат уште неколку натпревари, пред нивното враќање во Битола и старотот на вториот дел од оваа сезона.

Се вчитува...