Крилниот офанзивец на Вардар, Дејан Блажевски вели дека среќата беше на страната на Вардар на дуелот со турскиот Фенербахче во првиот натпревар од плеј-оф квалификациите за Лигата на Европа.
Сепак, и покрај очекуваната доминација на Фенербахче, Блажевски смета дека неговите соиграчи повеќе ја посакуваа победата. Среќен е што успеаа да го совладаат турскиот великан, и верува дека Вардар може да стигне до историскиот пласман во групната фаза, доколку и во реваншот го дадат својот максимум.
„Дадовме се’ од себе за оваа победа, игравме со срце. Сметам дека тактички бевме добро организирани, можеби не креиравме многу шанси, но желбата за триумф ни даде мотив да стигнеме до целта. Не секогаш во фудбалот победува поседот на топка и шансите, треба некогаш да те посака среќата. Но, и покрај среќата што беше во наша полза, ние оставивме срце на терен. Совладавме една исклучително квалитетна екипа, Фенербахче е Реал Мадрид за Балканот. Сепак, ова е само првиот меч, имаме уште едно „полувреме“ во Истанбул. Со овој резултат имаме шанси за пласман, верувам дека и таму ќе го дадеме својот максимум, и да испишеме нова историја за овој клуб“ – ни изјави Блажевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА