Бледи Шкемби со осврт на полусезоната: „Не случајно сме во врвот, создадовме силен тим кој знае што сака!“

Струга ТЛ, со победата над Тиквеш на гостувањето во Кавадарци, на најдобар можен начин ја заокружи есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, завршувајќи ја на втората позиција на табелата, веднаш зад Вардар, со кого на пролет ја продолжуваат битката за титулата.

Тренерот Бледи Шкемби е секако задоволен од есенската полусезона потенцирајќи дека најзаслужни за тоа се фудбалерите на тимот, но и менаџерите на клубот кои исполниле се што ветиле.

„Не, не го гледам ова како личен успех. Пред сè едно благодарам до сите играчи, бидејќи заслугата е нивна, тие беа супер професионалци цело време. Благодарност и до клубот, за фер односот и смиреноста што ни ја дадоа. Заедно тие ми го олеснија дебито во Првата лига во Македонија. Многу сум задоволен од резултатите оваа есен, мислам дека дадовме се од себе“ – вели Шкемби и дополнува.

„Тимот не потфрли во ниту еден момент од сезоната. Тоа е она што го мислам. Мислам дека првите четири екипи ќе бидат во трка за шампионската титула, бидејќи има уште многу натпревари до крајот.“

Шкемби нагласува дека секој поединец во тимот носи заслуга за реализираното.

„Всушност, на почетокот, нашата идеја и цел како тим, односно заедно со техничкиот персонал и директорот, беше да создадеме квалитетен ростер бидејќи имаше многу промени од минатата година. За среќа, успеавме да создадеме силен тим каде што ден по ден, од тренинг до тренинг, сфаќавме дека се формира силен тим. Од натпревар до натпревар, самодовербата доаѓаше и растеше, и не е случајно што сме на второто место“ – вели стратегот од Корча.

Се вчитува...