Тимот на Филаделфија Севентисиксерс продолжи со одлични игри, против Сан Антонио Спарс остварија низа од пет последователни победи, а со овој триумф го потврдија и првото место на Истокот.
Кошаркарите на Филаделфија го прегазија тимот од Тексас, а на крајот обезбедија и огромна предност од +35. Конечниот резултат на овој дуел беше 134-99. Најдобри во победничкиот тим беа Сет Кари и Тобијас Харис со 21, односно 23 поени.
Синоќа најголемото разочарување беше Портланд Трејл Блејзерс. Тие загубија од тимот кој бележи најлоши лигашки резултати. Минесота Тимбервулфс ги победи Блејзерси со 114-112.
Ентони Едвардс реализираше 34 поени, што е негов рекорд во кариерата. За поразените, Демијан Лилард повторно беше одличен и зад своето име запиша 38 поени, што сепак се покажа недоволно за Портланд да избегне пораз на овој натпревар.
Стеф Кари и Голден Стејт славеа со убедливи 131-119 на дуелот против Јута џез, земајќи го скалпот на најдобриот тим во западната конференција. Кари беше предводник на „воините“ во овој голем триумф со 32 постигнати поени, Вигинс постигна 28, додека неверојатен дабл-дабл кај Јута имаше Руди Гобер, остварувајќи 24 поени и 28 скокови.
Резултати:
Минесота – Портланд 114: 112
Newу Орлеанс – ЛА Клиперс 135: 115
Чикаго – Торонто 118: 95
Хјустон – Бостон 107: 134
Атланта – Кливленд 100: 82
Орландо – Мајами 97: 102
Филаделфија – Сан Антонио 134: 99
Голден Стејт – Јута 131: 119
Оклахома – Мемфис 128: 122
https://www.youtube.com/watch?v=mc9jXGQWIPg&feature=emb_logo&ab_channel=MLGHighlights
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

