Блескаше против Србија, а сега ќе игра за тим од Евролигата

Победата на репрезентацијата на Белгија против Србија во Ниш, одекна како „бомба“ во кошаркарска Европа. Својата добра партија, ја наплати бекот Ретин Обасон, кој што на тој натпревар постигна 17 поени, и беше нерешлива енигма за Србите.

Одличната партија против Србија ја забележа евролигашот Асвел. Така овој тим го потпиша Обасон, кој доаѓа од Хапоел Ерусалим.

Бекот минатата година забележа во просек по 16 поени по натпревар. Асвел ова лето го доведе и Паркер Џексон-Картрајт како и познатиот Нандо Де Коло.

Се вчитува...