Макаби подолго време бараше играч кој ќе биде прва „ѕвезда“ во тимот за наредната сезона, за „гордоста на Израел“ конечно да го најде она што го посакуваше – потпишувајќи договор со Лони Вокер.
Станува збор за американски бек со богато искуство од НБА-лигата, кој мина дел од ланската сезона во Евролигата бранејќи го боите на Жалгирис. Вокер имаше блескави настапи за литванскиот тим, но по неколку месеци се врати назад во НБА-лигата облекувајќи го дресот на Филаделфија.
Бројките таму му беа сосем солидни, постигнуваше по 12,3 поени, 3,1 скокови и 2,5 асистенции по натпревар, но Американецот во последните седмици преговараше со неколку екипи за камбек во Евролигата. На крајот, понудата на Макаби беше супериорна, 10 милиони долари за тригодишна соработка, по што Вокер го избра Израел за следна дестинација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

