Блескава партија: Два гола и асистенција на Миовски во убедливата победа на Абердин (ВИДЕО)

Бојан Миовски после помалку од еден месец пост, се врати на головите, а Абердин на победите.

Македонскиот репрезентативец немаше гол за Абердин на последните три натпревари во сите конкуренции, а денеска самиот го „реши“ мечот против Рос Каунти, откако постигна два гола а еднаш асистираше во убедливиот триумф од 4-0.

Миовски го донесе Абердин во предност во 21. минута, а потоа во 48. асистираше за третиот гол на својот тим. Во 52. минута повторно се запиша во листата на стрелците, а играта ја напушти во 72. минута.

Во вториот натпревар во Шкотска, Давор Здравковски не доби шанса за Мадервил. Неговиот тим загуби од Глазгов Ренџерс со 1-0.

Се вчитува...