Блесна против Челси па доби пофалба и од Џерард: „Може да господари со средината на теренот“

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард говорејќи на „Редмен ТВ“ упати пофални зборови за Куртис Џоунс, младиот фудбалер на „црвените“ кој имаше фантастичен настап во дербито против Челси изнудувајќи пенал и постигнувајќи гол за победа од 2-1.

Џерард кој му беше тренер на Џоунс во младинските категории изјави дека Англичанецот може да господари со средината на теренот, но до него е да најде константност за да биде дел од тимот која недела.

„Голем фан сум на Куртис Џоунс долго време. Имав среќа да му бидам тренер и да му помогнам во некои работи додека уште беше дете во академијата. Но, мислам дека сега дојде неговото време. Влегува во најдобрите години и мислам дека може да биде играч од врвна класа.

Секогаш е подготвен, силен и мислам дека сега Куртис треба да пронајде константност која ќе го држи од недела до недела на теренот и навистина покаже дека може да владее со средината на теренот бидејќи сигурно има талент и способност за такво нешто. Против Челси го покажа тоа. Тој е креативен играч кој може да излезе и на крило и има сила која може да му овозможи да господарува со средината на теренот“, вели Џерард.

Се вчитува...