Дури по продолжението го дознавме победникот од дуелот меѓу ЛА Лејкерс и Њујорк никс во еден од синоќешните натпревари од НБА лигата. Откако регуларниот дел заврши без победник, на крај „езерџиите“ славеа со 113-109.
Сите очи, како и секогаш, беа вперени во „ѕвезденото дуо“ на домаќините, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, кои го водеа својот тим на веќе стандардното високо ниво и беа најзаслужни за победата. И двајцата на крајот немаа “трипл-дабл“, а Словенецот остана покус со скокови (32 поени, 7 скокови, 10 асистенции), додека Џејмс доминираше со асистенции (31 поен, 12 скока, 8 асистенции). Најдобар играч во гостинската екипа сепак беше Џејлен Брансон, кој заврши со 39 поени и десет асистенции.
Стивен Кари приреди нов магичен настап, како во неговите најдобри денови, во тесната победа на Голден Стејт Вориорс над Бруклин Нетс од 121-119. Сè за Кари се вртеше околу бројот четири, 36-годишниот играч постигна 40 поени и собра по четири скока и асистенции. А сето тоа се случи откако Вориорс на крајот од првата четвртина имаа негатива од цели 22 поени, а потоа брзо се вратија со неверојатен пресврт. За разлика од Лејкерси, не им требаше продолженија за победа, навреме стигнаа до завидно водство, иако домаќините „опасно“ се доближија во последните минути.
STEPH CURRY UNBELIEVABLE 3. 😱😱😱
REPEATING… SIMPLY UNBELIEVABLE. pic.twitter.com/TRMy4ikzeU
— NBA (@NBA) March 7, 2025
Џејсон Тејтум беше одличен и во синоќешната програма во НБА лигата, со 35 поени и седум скока, предводејќи го својот Бостон Селтикс до победа од 123-105 против Филаделфија.
Коби Вајт беше подеднакво важен за својот тим, со 44 поени беше главната алка во редовите на Чикаго Булс, на патот до победата на гости кај Орландо Меџик од 125-123. Од преостанатите резултати, Аталанта ја совлада Индијана Пејсерс со 124-118, додека Њу Орлеанс загуби на домашен терен од Хјустон Рокетс со 97-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

