Дејан Манасков денеска го одигра својот втор меч по тешката повреда на коленото, при што македонскиот ас блесна како во најдобрите времиња на дуелот меѓу Веспрем и Дабаш што неговиот тим го доби со убедливи 44-29.
Токму Манасков беше најдобар поединец на натпреварот, постигнувајќи фантастични десет погодоци како доказ дека нашиот крилен ракометар експресно се враќа во посакуваната форма.
Следен предизвик за Манасков и Веспрем е реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите, на кој унгарскиот гигант ќе се обиде да избори учество на фајналфор турнирот во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА