Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, постигна 24 поени за Баерн Минхен, но неговиот тим е поразен од Бамберг во полуфиналето на Купот на Германија. На крајот Бамберг славеше со 97:103.
Димитријевиќ поените ги постигна во 31 минута колку што мина на паркетот, но залудно добрата партија кога Баерн нема да се бори за трофејот во Купот на Германија.
Кај победничкиот тим Вотсон постигна ист број на поени, но ја имаше поддршката од соиграчите, за разлика од Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

