Марко Ѓорѓиевски одигра уште еден квалитетен меч во дресот на Херманстад, предводејќи го својот тим до триумф во Купот на Романија. Екипата на Херманстад попладнево гостуваше на Ботошани, меч што Ѓорѓиевски и соиграчите по голема борба го добија со 1-3.
Македонскиот интернационалец по неколку меча пауза доби шанса од првата минута и максимално ја оправда довербата, стрелајќи прецизно на стартот од второто полувреме за водство од 1-2, откако на одмор се замина со 1-1. Ѓорѓиевски беше заменет во 58. минута, а токму играчот кој влезе на негово место, Сергиј Бус, беше стрелец на погодокот за конечните 1-3 на овој натпревар.
Херманстад има максимални шест бода по првите две кола во групата фаза од Купот на Романија, а во рамките од третата рунда оваа екипа ќе му гостува на Диамо Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

