Индијана се врати во живот во полуфиналето од НБА плејофот откако славееше на домашен терен против Њујорк никс со 111-106, па намалувајќи на 1-2 во серијата на Истокот.
Најзаслужен за победата беше Тајрис Халибартон со 35 поени и седум асистенции, а имаше одлична помош од Паскал Сијакам кој мечот го заврши со 26 поени. Кај Њујорк, Донте Дивиченцо постигна 35 поени, а Брансон, кој имаше проблеми со повреда на стапалото, мечот го заврши со 26 поени.
Ендрју Нембхард постигна клучна тројка за Индијана на 16 секунди пред крајот која ја означи победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА