Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски имаше одлична партија за својот тим Колорадо. Тој му донесе победа на Колорадо во дуелот со шампионот на НЦАА Јукон.
Јакимовски на крајот оствари дабл-дабл учинок, меѓутоа она што е најважно е што го постигна решавачкиот кош за победата.
При водство на Јукон од 72-71, Јакимовски со влез погоди во кошот на противникот и донесе триумф од 73-72. За 33 минути, Јакимовски имаше учинок од 12 поени, 10 скока и една асистенција. Беше трет стрелец во својот тим.
What is this shot Andrej Jakimovski!?!?
Colorado has the late lead on UConn.
My goodness. pic.twitter.com/yLa39qYzPq
— Made For March (@madeformarch) November 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА