БЛЕСОК НА МАКЕДОНЕЦОТ: Андреј Јакимовски постави рекорд на сезоната во Еврокупот

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски, одигра одличен натпревар во победата на својот тим Тренто против првопласираниот тим од Б групата, Бруж. На крајот Тренто славеше со 91-73, а Македонецот имаше партија на кариерата.

Јакимовски со индекс 43 поени, го постави рекордот на сезоната во Еврокупот. На крајот мечот го заврши со 30 поени, три асистенции, седум скока и две украдени топки.

Со овој индекс, Јакимовски е главен кандидат и за признанието МВП на колото. Овие бројки на Јакимовски се рекордни и за неговиот тим Тренто во историјата во меч од Еврокупот. Претходниот рекорд го држеше Геру Брауј во сезоната 2020/21 кога имаше 40 индекс поени.

Се вчитува...