Блесок на Македонецот: Хет-трик во Купот на БиХ

Иван Николов експресно ги освои симпатиите на навивачите на Радник Бјелина откако македонскиот фудбалер одигра импресивно за новиот клуб во Купот на БиХ, предводејќи го до убедлива победа од 5-1 над Крушево и пласман во четвртфиналето од ова натпреварување.

Нашиот интернационалец зимава пристигна во Радник од редовите на Сојндерјиске во Данска, a 23-годишниот Николов со хет-трик покажа дека ќе биде големо засилување за новиот клуб.

Тој стрелаше прецизно во 34. минута, потоа беше прецизен и на стартот од второто полувреме, за хет-трикот да го заокружи во првата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...