Блесок на Мбапе, Реал Мадрид во Билбао ја прекина серијата на ремија во Ла Лига (ВИДЕО)

Реал Мадрид покажа сила и после три ремија во Ла Лига, конечно, дојдоа до победа. „Кралевите“ го освоија Билбао, со победа над Атлетик со 0-3, во кој блескаше Килијан Мбапе со два постигнати прекрасни гола, и една асистенција.

Уште во седмата минута со одличен удар, Килијан Мбапе стигна до првиот гол. Мбапе го постигна голот по додавање на Трент Александер-Арнолд, кој ја запиша првата асистенција.

Во 42. минута Мбапе асистираше до Камавинга, кој со глава го совлада Симон за 0-2 на паузата меѓу полувремињата.

Победата ја запечати Мбапе со уште еден одличен гол, откако шутираше од 25 метри прецизно во голот на Симон. До крајот на мечот немаше промена на резултатот.

Се вчитува...