Блесок на Никола Јокиќ, Србија ја совлада Грција

Кошаркарската репрезентација на Србија забележа победа од 76:66 против Грција во кипарскиот град Лимасол, во првиот натпревар од подготвителниот турнир „ECOMMBX“ пред Европското првенство.

Ова беше првиот меч на Србија со публика во подготвителниот период, по триумфите против БиХ и Полска зад затворени врати во Белград. Селекторот Светислав Пешиќ му пристапи сериозно на дуелот, и покрај тоа што настапи без Мициќ поради повреда а Балша Копривица и Никола Топиќ не беа во составот.

Најдобриот играч на светот, Никола Јокиќ, блескаше со 23 поени, 19 скока и четири асистенции, предводејќи ја Србија до победата. Богдан Богдановиќ и Никола Јовиќ постигнаа по девет поени, при што Јовиќ додаде и пет скока. Алекса Аврамовиќ и Тристан Вукчевиќ реализираа по седум поени, а Аврамовиќ беше клучен во финишот, постигнувајќи пет поени кога Грција се доближи на само три разлика.

Кај Грција, која настапи без Јанис Адетокумбо, најистакнат беше Костас Митоглу со 18 поени. Костас Слукас додаде 11, а Тајлер Дорси 10 поени.

Се вчитува...