Челси им се врати на победите во Премиерлигата откако во 28. коло славеше на домашен терен против Њуксал Јунајтед со 3-1.
Николас Џексон во 6. минута го доведе својот тим во водство, а предноста на „сините“ траеше се до 43. минута кога по загубена топка Исак ја затресе мрежата на Петровиќ за 1-1.
Во 58. минута со одличен удар надвор од шестнаестникот Палмер одново го доведе својот тим во водство, а Мудрик во 75. минута ја искачи предноста и на два гола со фантастичен продор во кој го издрибла и голманот Дубравка. Поразот го ублажи Марфи кој ја затресе мрежата на немоќниот Петровиќ со одличен гол во 90. минута.
GET IN!! 😤#CFC | #CheNew pic.twitter.com/sAaZYnBi9K
— Chelsea FC (@ChelseaFC) March 11, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА