Кошаркарите на ЛА Лејкерс, благодарение на одличниот финиш, го победија тимот на Њу Орлеанс со 110:101 во синоќешните мечеви во НБА лигата.
Натпреварот беше резултатска вртелешка во текот на целиот нејзин тек, а клучниот момент се случи некаде на средината на четвртиот период. Њу Орлеанс имаше предност од 86-94, а потоа со импресивни 14:0, Лејкерси успеаја да ја свртат работата во своја корист, и на крајот да ја задржат предноста.
Лука Дончиќ постигна 27 поени, со 10 скока и седум аситенции. Го следеше Леброн Џејмс со 21 поен. Вилијамсон кај Њу Орлеанс постигна 24 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Далас 117:90
Кливленд – Детроит 113:109
Орландо – Вашингтон 126:109
Мајами – Бруклин 124:98
Торонто – Њујорк 95:111
Чикаго – Оклахома 108:116
Минесота – Мемфис 117:110
Филаделфија – Сан Антонио 91:131
Лејкерси – Њу Орлеанс 110:101
Сакраменто – Фeникс 103:114
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

