Блесок на тандемот Леброн – Дончиќ, Лејкерс продолжуваа да „газат“ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја оправдаа улогата на фаворити против Њу Орлеанс Пеликанс со победа на гостински терен од 111:103, и покрај тоа што воопшто не им беше лесно против „фенерџиите“. 

Лејкерси, предводени од Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, лесно го надминаа дефицитот од минус девет во третата четвртина, стекнат со слободните фрлања на Карл Матковиќ и експлозивната игра на Треј Марфи во тој период. Со одличен финиш, Лејкерси го решија победникот.

Дончиќ и Џејмс беа фантастични, делејќи 60 поени рамномерно (по 30 за двајцата). Словенецот подели 10 асистенции, додека „Кралот“ имаше осум скока и исто толку асистенции. ДеАндре Ајтон им беше најблиску со 18 поени и 11 скока.

Пеликанс најдоа одговор на пеколниот тандем на Лејкерси во енергичниот Треј Марфи со личен рекорд од 42 поени, но изостана поддршката од останатите соиграчи. 

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Кливленд 116-120

Вашингтон – Орландо 120-112

Мемфис – Сан Антонио 10-105

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 103-111

Минесота – Мајами 122-94

Сакраменто – Далас 98-100

Се вчитува...