„Блесок“ на Винициус, Бразил го „спакува“ Парагвај (ВИДЕО)

Во второто коло од групата Д на Копа Америка, фудбалерите на Бразил го совладаа Парагвај со убедливи 4:1. Овој пораз од Парагвај значеше и елиминација од турнирот на најдобрите селекции во Латинска Америка. Решавачки беа последните десет минути од првото полувреме кога Бразил постигна три гола, па продолжението беше само формалност.

Пакета во 31. минута Бразил не искористи пенал, но четири минути подоцна Винициус поведе. Во 43. минута Савио донесе 2-0, а потоа Виницус во петтата минута од судиското надополнување зголеми на 3-0.

Парагвај веднаш се врати на стартот на вториот дел прему Алдерете, но во 65. минута нов пенал за Бразилците, овој пат Пакета сигурен, поставувајќи г конечниот резултат.

Во вториот натпревар од оваа група, Колумбија ја победи Костарика со 3:0 благодарение на головите на Луис Дијаз, Давинсон Санчез и Џон Кордоба.

Следното коло ни носи дуел помеѓу Бразил и Колумбија, кој ќе го реши и победникот во групата Д.

Се вчитува...