Блесокот на Дончиќ недоволен за славје над Портланд, Јокиќ со трипл-дабл против „Кралот“

Лука Дончиќ и Далас ја прекинаа серија на победи откако загубија на домашен терен од Портланд со 118-121. Словенското „чудо од дете“ повторно го предводеше својот состав, овој пат со 44 поени, 9 асистенции и 7 скока, додека Криштапс Порзингис додаде 18 поени и 8 скока. Дамиен Лилард беше првото име кај Портланд со 34 поени и 11 асистенции, додека Трент додаде 17 поени.

Денвер ја забележа третата победа во низа по убедливиот триумф од 122-105 над Лејкерс. Џамал Мари беше прв поентер за составот од Колорадо со 25 поени и 6 скока, додека Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок, овој пат со 23 поени, 16 скока и 10 асистенции. Леброн Џејмс беше првото име кај составот од Лос Анџелес со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции, додека Кајл Кузма додаде 19 поени и 8 скока.

Во останатите натпревари Вашингтон славеше над Бостон со 104-91, Сан Антонио ја доби средбата против Шарлот со 110-122, Детроит славеше со 123-112 над Њу Орлеанс, Минесота го доби дуелот против Торонто со 112-116, Оклахома славеше над Милвоки со 114-109, Феникс забележа победа од 109-90 над Орландо, Клиперс слаевеа со 128-111 над Кливленд и Мемфис забележа убедлива победа над Сакраменто со 110-124.

Се вчитува...