Јонас Валаначиунас веќе два дена се наоѓа во Атина чекајќи разврска за да може да потпише договор со Панатинаикос, но овој евролигашки мега-трансфер по се изгледа нема да се реализира.
Денвер нагетс нема намера да го раскине договорот со литванскиот центар, напротив – на инсистирање на Никола Јокиќ планот е Валанчиунас да остане во таборот на Денвер и да биде прва резерва на Никола Јокиќ. Впрочем, тој беше токму затоа доведен во клубот во директна размена со која во Сакраменто беше испратен Дарио Шариќ, се со цел српскиот центар да добие достојна резерва во периодот што ќе го минува на клупата за резерви.
„Во Денвер е донесена одлука – Валанчиунас ќе остане како бекап-центар. Наспроти понудата од Панатинаикос, Литванецот останува во НБА“, пишуваат американските кошаркарски аналитичари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

