Без апсолутно никакви проблеми кошаркарите на Блокотехна стигнаа до убедлив триумф од 98-76 против Вардар во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Од самиот почеток на мечот гевгеличани наметнаа победнички ритам, добивајќи ја првата четвртина од 27-16. Потоа се беше само рутина за кошаркарите на Блокотехна кои лесно дојдоа до својата 13-та победа во 15-от натпревар сезонава.
Најдобар во победничкиот тим беше Главчев со 19 поени, пет асистенции и три скока. Џумиќ мечот го заврши со 15 поени и осум скока, а по 13 поени постигнаа Пен и Мијатовиќ. Кај Вардар, Михајловски заврши со 18 постигнати поени.
По оваа победа, Блокотехна со 27 бода се израмни на врвот со Работнички, кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА