Блокотехна очекувано лесно обезбеди пласман во полуфиналето од кошаркарскиот Куп на Македонија и го чека победникот од пресметката меѓу Гостивар и Фени Индустри. Во воведната четвртфинална средба од завршниот турнир кој се одржува во Гевгелија, Блокотехна го победи охрид со 115-68.
Тимот на Марјан Илиевски кој реши да одмора голем дел од првотимците во текот на средбата, имаше убедлива двоцифрена предност уште на полувремето. Откако воведниот период го доби со 27-18, во втората четвртина влезе со серија од 14-0 и направи дистанца која потоа до крајот само растеше до огромните 47 поени разлика.
Божо Думиќ со 21 поени беше прв стрелец во победата на Блокотехна, Михајловски псотигна 18, а Фундербург 15. Кај Охрид, Настовски со 14 поени ја предводеше листата стрелци.
Дуелот меѓу Гостивар и Фени Индустри од кој Блокотехна ќе го добие противникот е последен во денешната четвртфинална програма. Претходно ќе биде формиран првиот полуфинален пар од победниците од натпреварите меѓу Работнички и Куманово и МЗТ Скопје Аеродром и Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА