Кошаркарите на Блокотехна на денешниот тренинг имаа специјални гости, децата од центарот „Мајка Тереза“ од Гевгелија, кои имаа можност да се запознаат со колективот кој е најпријатно изненадување во македонскиот шампионат.
„Децата имаа можност да влезат на теренот, да се дружат со кошаркарите, да си додааваат и шутираат на кошевите заедно со нив. Истите проследија еден мини натпревар, на крај со заедничка слика и со подарок баскет за секој од нив си заминаа среќни и со насмевка! Спортот е многу повеќе од натпревар и ние како клуб сме пресреќни за оваа наша прва заедничка дружба! Најавуваме во иднина продолжување на соработката со Центарот Мајка Тереза со повторни заеднички дружења и соработка“ – гордо порачаа од КК Блокотехна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА