Блокотехна нема намера лесно да се откаже од битката за финале со МЗТ Скопје, откако тимот од Гевгелија со беспрекорна офанзивна партија стигна до израмнување во полуфиналната серија.
Четирите порази во низа беа само мотив повеќе за Марјан Илиевски и неговите избраници, кои одговорија на предизвикот на најдобар можен начин, во вистинска плејоф-пресметка на две врвни екипи. Одбраните не беа на висина на задачата, но нападот беше импресивен, а домаќините диктираа темпо од почеток до крај, возвраќајќи го ударот по поразот во првиот меч од оваа полуфинална серија.
Јасно е дека МЗТ Скопје е на потег, а аеродромци ќе треба да ја искористат предноста на домашниот терен, но и да покажат многу повеќе цврстина во одбраната за да продолжат во походот кон нова титула. Бидејќи Блокотехна покажа дека знае како да ја казни секоја нивна грешка.
Битката дефинитивно продолжува, в недела во Аеродром.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА