Блокотехна и во следната сезозна ќе биде дел од Првата македонска лига со желба да се продолжи со одличните игри и резултати од дебитантската сезона во елитното друштво. Овој клуб имаше фантастична сезона стигнувајќи до третото место во сезоната, како и до фајналфор турнирот од БИБЛ-лигата, па раководството на клубот неслучајно реши да ја продолжи соработката со тренерот Марјан Илиевски.
„Она што можеме да го кажеме во моментов е дека продолжуваме со настапот предводен од Илиевски, од чија работа во изминатата сезона сме презадоволни. Ќе задржиме голем дел од домашните играчи кои и лани беа дел од Блокотехна, а шанса ќе добијат и некои други помлади кошаркари, да ги покажат своите квалитети како дел од нашиот проект Рокот за АБА2 е истечен, но се уште сме во размислување дали да учествуваме во БИБЛ-лигата“ – изјави првиот човек на клубот, Томе Главчев.
Со ваквиот став, дефинитивно се става крај на шпекулациите дека Блокотехна по една одлична сезона би можела да згнасне како спортски колектив, фузирајќи се со екипата на Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА